Францускиот репрезентативец Жил Кунде на сугестија на тренерот на Барселона, Чави Ернандез, се согласи да дојде во редовите на каталонскиот гигант од шпанскиот прволигаш Севиља, пренесуваат локалните медиуми.
Францускиот 23-годишен централен дефанзивец се очекува да потпише петгодишен договор, а Севиља за трансферот ќе добие обесштетување од 60 милиони евра со бонуси.
Кунде е фудбалер на Севиља од 2019 година, а претходно настапуваше за Бордо.
Дефанзивецот ова лето беше на чекор до трансфер во Челзи, но по иницијативата на Чави одлучи да ја продолжи кариерата во Барселона.
Шпанските медиуми наведуваат дека Челзи за Кунде понудил 65 милиони евра со бонуси.