Шкендија, очекувано, со 3:1 го совлада летонскиот клуб Валмиера во Скопје, за да го потври пласманот во третото квалификациско коло на Конференциската Лига Европа.
По гостинскиот триумф од 2:1, тетовскиот клуб на „Арената Тодор Проески“ пристигна со јасна цел да се запечати пласманот и веќе во 11. минута, Егзон Бејтулаи ги донесе домаќините во водство. Меѓутоа, гостите успеаја да израмнат преку Јапонецот Масаки Мурата во 25. минута, пред Љупче Дориев да го врати водството на Шкендија осум минути подоцна.
Стрелецот Мурата во 67. минута од мечот доби втор жолт картон, а теренската предност Шкендија ја искористи со уште еден гол во мрежата на Валмиера во 85. минута преку замената Фљорент Рамадани.
Во третото квалификациско коло, Шкендија има вистински предизвик, во повеќекратниот шведски шампион, АИК Стокхолм.