(Видео) Турски навивачи го скандираа името на Путин за да го провоцираат украинските фудбалери

Навивачите на фудбалскиот клуб Фенербахче ги испровоцираа приврзаниците и фудбалерите на Динамо Киев скандирајќи го името на рускиот претседател Владимир Путин. Се започна откако Виталиј Бујалски постигна гол во 57. минута со кој неговиот тим донесе доволно водство за пласман во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Во таа прилика се сврте кон турските навивачи и ги испровоцира, а набрзо следеше реакција.

Низ стадионот „Улкер“ на азиската страна на Истанбул одекнуваше името на Владимир Путин, инсинуирајќи ја војната што Русија ја води со Украина. На крајот причина повеќе за славење имаше Динамо кој славеше по продолженијата и се пласираше понатаму.

Треба да знаете
Последни објави