Фудбалерот на Јувентус и француски репрезентативец Пол Погба ќе мора да го оперира менискусот на десното колено и поради тоа ќе биде надвор од теренот најмалку четири месеци, пренесуваат денеска италијанските медиуми.
Погба се повреди претходно оваа недела на претсезонските подготовки на Јувентус во САД.
Весникот „Кориере дело Спорт” објави дека Погба ќе мора да се оперира и ќе паузира најмалку четири месеци.
Погба ќе мора да го пропушти и претстојното Светско првенство во ноември и декември во Катар и нема да се враќа на теренот до крајот на оваа година.