Тренерот на фудбалскиот премиерлигаш Ливерпул, Јирген Клоп, изјави дека напаѓачот Роберто Фирмино е срцето и душата на англискиот вицешампион и со тоа демантираше евентуален трансфер на Бразилецот во Јувентус.
– Боби е клучен играч за нас, тој е срцето и душата на овој тим. Сè изгледа добро и апсолутно сум задоволен од Фирмино. За мене нема никакво сомневање во неговите квалитети, така што точно е дека тој е многу важен за нас, посочи Клоп.
Фирмино дојде во Ливерпул од Хофенхајм во 2015 година, а Јувентус за неговите услуги, наводно, бил подготвен да плати 22 милиони евра.
Во дресот на бразилската репрезентација Фирмино има одиграно 55 натпревари на кои постигна 17 голови.