Екипата на Партизан доживеа нов шок во српската Суперлига, откако загуби од Нови Пазар со 1-0 (1-0) во рамките на четвртата рунда. „Црвено-црните“ рано добија црвен картон, а домаќинот на „Каизкоин Арена“ поведоа од пенал и до крајот го издржаа гостинскиот налет.
„Трагичар“ за екипата на Столица беше Синиша Сaничанин бидејќи наивно за осум минути доби два жолти картони и заработи исклучување. Течеше 25. минута кога Нови Пазар стигна до предност. Милош Мијиќ реализираше од 11 метри, испраќајќи го Стевановиќ во едната, а топката на другата страна за 1-0.
Поради фактот дека играа со десетмина, играчите на Партизан беа безидејни. Направија неколку шанси, меѓутоа не успеаја да дојдат до израмнувачки погодок. Темпото на игра целосно опадна во второто полувреме, што му одговараше на Нови Пазар. Домашните фудбалери успешно го одбранија својот гол и дојдоа до победата на оваа средба.
Партизан одново се мачи на стартот на сезоната, по четири кола има само пет бода, додека за Нови Пазар ова беше прв триумф и бодови.