Првата лига ќе се игра со 11 клуба: Ренова официјално се повлече!

Македонскиот клуб Ренова и дефинитивно нема да се натпреварува во новата сезона во Првата лига. Денеска клубот од Џепчиште официјално ја информираше Фудбалската федерација на Македонија дека го откажува учеството во елитната конкуренција.

Најавата за ваков расплет беше познато многу порано, но денеска и официјално Ренова извести дека не е во можност да се натпреварува во прволигашка конкуренција. Раководството на клубот се обиде да извлече максимум од ситуацијата и имаше преговори со одредени спонзори, но, за жал не успеа во намерата да го спаси прволигашкиот живот.

По ова, Ренова испаѓа во најнизок ранг, а Првата фудбалска лига на Македонија во новата сезона ќе брои 11 екипи.

Треба да знаете
Последни објави