Нион, 29 јули 2022 (МИА) – УЕФА објави дека ќе отвори дисциплинска постапка против Фенербахче, откако група навивачи на турскиот клуб г о скандираше името на рускиот претседател Владимир Путин за време на реванш натпреварот во Истанбул против Динамо Киев во рамки на 2. квалификациско коло во Лигата на шампиони.
Однесувањето на навивачите на Фенербахче во средата наиде на осуда на социјалните мрежи, а УЕФА одлучи да реагира.
– Нашите етички и дисциплински инспектори ќе спроведат дисциплинска истрага поради недоличното навивање на навивачите на Фенербахче, објави УЕФА.
Од Фенербахче се огласија преку соопштение, наведувајќи дека „некои” навивачи не го претставувале клубот, ниту неговите позиции или ставови, напоменувајќи дека клубот од Истанбул е против војната во Украина.