Харден официјално го продолжи договорот со Филаделфија

Кошаркарот на Филаделфија, Џејмс Харден, ќе остане во НБА лигашот до јуни 2024 година, соопшти денеска неговиот клуб.

Харден стави потпис на продолжување на соработката за две години и за тоа ќе заработи 68.6 милиони долари.

Харден следната сезона ќе заработи 33 милиони долари, а доколку одлучи да го испочитува договорот и да остане уште година во клубот ќе инкасира уште 35.6 милиони долари.

– Тука сакам да победувам и мислам дека ги имаме сите делови да стигнеме до таа цел. Од првиот ден во оваа организација, тимот и навивачите ми помогнаа да се чувствувам како дома. Возбуден сум да продолжиме да се наградуваме на минатата сезона. Едвај чекам да излезам на теренот и да го почнам ова патување, порача Харден за официјалниот сајт на Филаделфија.

Треба да знаете
Последни објави