Чурлинов му донесе триумф на Штутгарт во Купот на Германија

Во својот прв натпревар од новата сезона во германскиот Куп составот на Штутгарт славеше минимално кај Динамо Дрезден со 0:1.

Стрелец на единствениот гол беше македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов после асистенцијата на Вагноман во 33 минута.

Нашиот играч настапу до 74 минута кога беше заменет од Стенцел.

Претходно од 67 минута гостите останаа со еден фудбалер помалку поради двата жолти картони на Антон.

Но, Штутгарт успеа до крајот на мечот да ја задржи предноста и обезбеди пласман во следната рунда.

Треба да знаете
Последни објави