Еуромонитор Интернешнел, водечкa независна компанија – снабдувач во светот што нуди стратешко истражување на пазарот, неодамна го прогласи Gree Air Conditioner за најдобар бренд за 2021 година. Gree го доби ова признание врз основа на евалуација на четири индикатори – деловна интелигенција, анализа на пазарот, обем на малопродажба и увид на потрошувачите за производите за климатизација кои се продаваат на глобално ниво.
GREE Electric Appliances Inc од Жухаи, Кина е најголемиот светски производител на клима уреди. Преку осумте производствени бази во Кина, Виетнам, Пакистан и Бразил, GREE може да произведе до 27 милиони резиденцијални и 2 милиони комерцијални климатизери годишно. Компанијата ги произведува сите клучни компоненти за конзистентност и контрола и е единствениот бренд на климатизери во Кина рангиран како „Светски бренд”.
Од своето основање во 1991 година, GREE постигна импресивни бројки. Има 7.000 модели во 400 серии во 20 категории на производи. Компанијата е број 1 бренд на глобалниот пазар од 2005 година и е рангиран во последните 8 години меѓу Топ 100 кинески компании од страна на магазинот Fortune.
Еуромонитор веќе 40 години е позната независна истражувачка компанија чиј што опсег на работа вклучува издаваштво, истражување на пазарот, бизнис референци и онлајн информациски системи. Компанијата создава глобални извештаи за Западна и Источна Европа, Северна Америка, Латинска Америка, Азија-Пацифик, Океанија, Африка и Блискиот Исток. Еуромонитор креира пазарни извештаи кои се користат за маркетинг и стратешко планирање во сите сектори на индустријата.