Во рамките од „Емирати купот“ денеска Арсенал ја играше практично генералната проба пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата. „Топчиите“, во чии редови капитен беше Одегард, со убедливи 6:0 ја совладаа шпанската Севиља, а хет-трик постигна новото засилување Габриел Жезус.
Во текот на првото полувреме Сака ја отвори гол серијата од пенал во 10 минута, а само 180 секунди подоцна Жезус го реализираше првиот погодок за водство од 2:0.
Во 15 минута следуваше и вториот гол на Жезус после асистенцијата на Мартинели, а по вторпат во листата на стрелците се запиша и Сака (19`).
За 5:0 се погрижи Жезус во 77 минута, а конечниот епилог го постави Нкетиа во 89 минута по додавањето на Одегард.