Баерн Минхен го освои германскиот Суперкуп

Германскиот првак Баерн Минхен го освои првиот трофеј во новата сезона. Баварскиот тим го совлада Лајпциг со 5:3 и го освои Суперкупот на Германија.

По првото полувреме Баерн обезбеди три гола предност. Мусијала, Мане и Павар стрелаа за 0:3, а Гнабри и Лирој Сане дополнија во вториот дел.

За Лајпциг стрелци беа Халстенберг, Нкунку од пенал и Дани Олмо.

Треба да знаете
Последни објави