Манасков веќе беше дел од Вардар во сезоната 2015/16, меѓутоа немаше голема минутажа, бидејќи Тимур Дибиров беше во прв план, па продолжи да ја развива својата одлична интернационална кариера со трансфер во Рајн-Некар. И таму помина една сезона, а потоа одлично се пронајде во Веспрем, каде што играше од летото 2017 до овој мај.
Неговото доаѓање во Вардар не е само нов екстра-ракометар на позицијата лев бек, туку претставува и силен знак од клубот за стабилност, која беше ставена во прашње откако си замина Дибиров (во Загреб), а новите, планирани засилувања не дојдоа.
„Вардар добива брз, прецизен и искусен играч со големо меѓународно искуство со што екипата повторно гради силен, респектабилен и конкурентен тим и за сезонава. „Црвено-црните“ полека го градат тимот со кој и сезонава ќе атакуваат на двојната круна во домашното првенство“, пишува во клупското соопштение.