Манчестер Јунајтед го претрпе првиот пораз под водство на новиот тренер Ерик Тен Хаг, пораз кој дојде на денешната пријателска средба против Атлетико Мадрид во Осло.
„Црвените ѓаволи“ ја контролираа играта, имаа поголем посед на топка, упатија повеќе удари кон противничкиот гол, но не успеаа ниту еднаш да го матираат ривалот од Мадрид. Имено за прв пат во ерата на Холанѓанецот составот од Манчестер не даде погодок на еден натпревар, па во самиот финиш стигна казна преку Жоао Феликс кој мајсторски реализираше во 86 минута за славје на четата на Диего Симеоне од 1-0.
Ова беше меч во кој првите минути во дресот на Јунајтед ги одигра летното засилување Кристијан Ериксен кој влезе на теренот на местото на Мектоминеј во 69 минута.
WHAT A GOAL!!! Joao Felix scores what should be the winner, what a player 🙌🔴⚪ #Athleticomadrid #MUNATM #PreSeasonFriendly pic.twitter.com/vm4dRyTmoF
— Goalz World ⚽️ (@GoalzWorld) July 30, 2022