Младите кошаркари поразени од Израел на стартот на У18 ЕП во Измир

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 18 години со пораз од Израел (79-70) го отвори Европското првенство (ЕП) А-дивизија кое се одржува во Измир, Турција.

Нашиот национален тим предводен од селекторот Тони Симиќ имаше подобар старт од противникот, ја доби првата четвртина со 15-18, меѓутоа потоа се беше во знакот на Израелците. Беше Македонија близу до крајот на третиот период (58-53), но потоа сите работи се распаднаа.

Залуден беше „дабл-дабл“ учинокот на Теодор Симиќ кој заврши со 25 поени и 12 скока, пред Андреј Шошкиќ со 18 поени и осум скока, а кај Израел, прв поентер беше Ноам Јацов со 24 поени, пред Бенџамин Онче со 17 поени.

Вториот натпревар на ЕП, Македонија го игра против Франција (31 јули, 12:45 часот), која во првата рунда ја победи Велика Британија со 97-45.

Треба да знаете
Последни објави