Конечно по сите перипетии ова лето официјален став и на ФК Ренова за повлекување од натпреварувањето во Првата македонска фудбалска лига.
Се огласија и од тимот од Џепчиште кои вчера официјално ја известија Фудбалската федерација на Македонија дека се повлекуваат од Првата лига.
„Ве известуваме дека ФК Ренова АД с. Џепчиште се откажува од натпреварување во Прва МФЛ во сезоната 2022/23, додека во сите останати младински категории клубот ќе продолжи со редовно натпреварување“ – се вели во официјалното соопштение од „гипсарите“ до ФФМ.