Пол-позиција за Расел во Хунгароринг, негова прва во кариерата

Возачот на Мецедес, Џорџ Расел, засекогаш ќе ги памети денешните квалификации од Големата награда на Унгарија, со оглед што првпат во кариерата го имаше најбрзиот круг, а со тоа и честа да стартува како прв на утрешната трка.

Тој во последен момент го „украде“ двојното славје на тандемот на Ферари, Саинц-Леклер, кои сега мора да се задоволат со втората и со третата стартна позиција на Хунгароринг. Четврто најбрзо време имаше Ландо Норис во болидот на Мекларен, додека зад него се возачите на Алпине, Окон и Алонсо.

Луис Хамилтон ќе стартува како седми, а актуелниот светски првак, Макс Верстапен, имаше лоша последна сесија и утрешната трка ќе ја почне дури од десеттата стартна позиција.

Треба да знаете
Последни објави