Часовникот за кој што се тврди дека му припаѓал на нацистичкиот водач Адолф Хитлер е продаден за 1,1 милион долари на аукција во САД. Часовникот Huber, кој бил продаден на анонимен понудувач, има свастика и е изгравиран со иницијалите AХ.
Еврејските лидери ја осудија аукцијата на Alexander Historical Auctions во Мериленд. Сепак, аукциската куќа, која во минатото продавала нацистички сувенири, за германските медиуми изјавиле дека нејзина цел е да ја зачува историјата.
Адолф Хитлер ја водеше нацистичка Германија помеѓу 1933 и 1945 година, а под неговата вооружена агресија, систематски беа убиени дури 11 милиони луѓе, од кои шест милиони беа убиени затоа што беа Евреи.
Во каталогот во кој е претставен часовникот е наведено дека тој најверојатно му бил даден на фашистичкиот водач како роденденски подарок во 1933 година, годината кога станал германски канцелар.
Аукциската куќа наведува и дека часовникот бил земен како сувенир кога околу 30 француски војници упаднале во Бергхоф, планинското одморалиште на Хитлер, во мај 1945 година. Во тоа време, се сметало дека часовникот бил препродаден и пренесен низ неколку генерации до денес.
Други предмети што биле на аукцијата вклучуваат фустан на сопругата на Хитлер, Ева Браун, слики со автограми на нацистичките функционери и жолта ткаенина со ѕвездата на Давид со врежан зборот Јуда, што на германски значи Евреин. За време на холокаустот, нацистите ги принудувале Евреите да носат жолти ознаки како ленти или беџови со намера да ги изолираат и малтретираат.
Отворено писмо потпишано од 34 еврејски лидери ја опишува продажбата како „одвратна“ и бара повлекување на нацистичките предмети од аукцијата.