Барнли се заинтересира за Дарко Чурлинов

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов би можел својата кариера да ја продолжи во Барнли, англискиот тим кој се натпреварува во Чемпионшип дивизија.

Како што откриваат германските медиуми, Барнли подготвил сериозна понуда за да го откупи договорот на Чурлинов со Штутгарт. Тој имаше одлични игри за Шалке 04 минатата сезона, а откако истече позајмицата се врати во Штутгарт и го постигна победничкиот гол на куп-натпреварот против Динамо Дрезден.

До крајот на летниот преоден рок, сепак, можно е да се пресели во Англија, доколку Барнли испрати конкретна понуда која ќе ги задоволи финансиските барања на будеслигашот Штутгарт.

Треба да знаете
Последни објави