Осуденикот на смрт, Ричард Глосип (59) веќе три пати го изел својот „последен оброк“, а наскоро американската сојузна држава Оклахома би требало да му го послужи четвртиот.
Имено, откако во 2004 година беше осуден на смрт поради нарачказа убиство на неговиот поранешен работодавец Бери Ван Трез, Оклахома во 2015 година трипати се обиде да го погуби.
Првиот обид пропадна откако Врховниот суд на САД го одложи извршувањето на казната. Вториот обид за негово извршување е одложен само три часа пред извршувањето на казната. Третиот обид беше откажан откако државните службеници во Оклахома открија дека набавиле погрешна супстанција која требало да му ја вбризгаат на Глосип.
Оклахома повторно ќе се обиде на 22 септември оваа година.Глосип е еден од 25-те осуденици на смрт кои треба да бидат погубени во Оклахома во следните 29 месеци.
Триесет и четворица пратеници во парламентот на Оклахома, 28 од Републиканската партија и шест од Демократската партија, бараат повторно да му се суди, а многумина тврдат дека тој е невин.
Кога републиканскиот гувернер на Оклахома, Кевин Стит, одби да одобри нова истрага за случајот на Глосип, пратениците во законодавниот дом на државата наложија канцеларија на надворешен совет да го разгледа случајот. Таа адвокатска канцеларија заклучи дека судењето во кое Глосип беше прогласен за виновен не може да биде основа за осуда и смртна казна. Во меѓувреме, имаше тврдења дека обвинителите уништиле важни докази за време на судењето.
– Ричард Глосип претрпе три мачни датуми на егзекуција. „Одредувањето на четврти датум пред да се изведат сите докази пред судот не е фер“, рече адвокатот на Глосип, Дон Најт.
– Реакцијата на јавноста на новите докази во овој случај јасно покажува дека жителите на Оклахома, дури и оние кои ја поддржуваат институцијата смртна казна, не сакаат да биде погубен невин човек – додаде Најт.
Пред сите претходни обиди да го погубат, Глосип нарачал ист оброк – риба и компир, хамбургер Беконатор од ресторанот за брза храна Венди, шејк од јагоди и пица.