Максимални порази на македонските селекции во второто коло на шаховската Олимпијада

Вториот ден на шаховската Олимпијада во индискиот град Ченај донесе максимални порази на македонските репрезентации во машка и женска конкуренција.

По стартната победа од 4-0 на Бермуда, македонските шахисти во второто коло загубија од силната Франција со идентичен резултат, а на овој дуел дебитантски настап на Олимпијадата забележа младиот Емил Ристески.

Македонската женска селекција, пак, во чии редови дебитираше Моника Жежовска, по стартната победа со максимален резултат над Габон, загубија во второто коло со 4-0 од Индонезија.

Треба да знаете
Последни објави