Макс Верстапен е победник на денешната трка во Формула 1 за ГН на Унгарија на патеката на Хунгароринг. Иако Холанѓанецот стартуваше од 10-тата позиција, сепак со умешно возење, со маестрална тактика на својот тим на Ред Бул, секако и со малку среќа, успеа да дојде до уште една победа и со тоа да ја зголеми предноста во генералниот пласман во годинашниот шампионат.
Иако не возеше блескаво, имаше две до три големи грешки, губеше и позиции, но Верстапен едноставно покажа зошто е светски првак. Тој полека се пробиваше кон врвот, двапати го престигна Шарл Леклер во директен дуел за водство, а потоа успешно ги одбиваше нападите на двоецот на Мерцедес.
На денешната трка повремено имаше и малку дожд, па затоа дојде и до повеќе менување на пневматиците, а тоа најдобро го искористи Ред Буд со што му овозможи на Верстапен уште еден триумф, ова беше 28 победа во кариерата и 8 во годинашниот шампионат.
На второто место заврши Луис Хамилтон, кој исто така со својот Мердецес има супер возење. На подиумот се најде уште еден Мерцедес, и тоа оној на Џорџ Расел кој стартуваше прв на трката. Хамилтон вторпат во седум дена завршува зад Верстапен, што за Британецот е петта трка по ред на која е на победничкиот пиедестал, по претходните три трети места во низа.
Ферари доживеа нова катастрофа. Очајните одлуки на тимот со гуми и бокс повторно ги чинеа Карлос Саинц и Чарлс ЛеКлерк, а тие завршија како четврти и шести. Помеѓу нив се најде Серхио Перез.
Интересна, полна со пресврти трка, за уживање на гледачите покрај патеката на Хунгароринг.
Верстапен останува прв со 258 бодови, пред Леклер и Серхио Перез.
RACE CLASSIFICATION (LAP 70/70)
Starts P10, finishes P1 – what a drive from @Max33Verstappen ????????????#HungarianGP #F1 pic.twitter.com/qQp0ZJFCom
— Formula 1 (@F1) July 31, 2022