„Пред пет години, премиерот Зоран Заев и јас покажавме храброст и одговорност за иднината потпишувајќи го Договорот за пријателство, добрососедство и соработка“, напиша на својот Фејсбук профил лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов.
„Денес можеме да кажеме дека и Бугарија и Република Северна Македонија имаа корист од тоа. Скопје е во НАТО и преговара за ЕУ, а имаме сосед кој се обврза да ги почитува европските вредности: заштита на сите свои граѓани, запирање дискриминација на Бугарите и отворање на економски и културни контакти. ГЕРБ пред неколку дена уште еднаш покажа колку одговорно се однесуваат политичарите – го поддржавме почетокот на преговорите меѓу РСМ и ЕУ. Нашата поддршка за нашите соседи ќе продолжи, без разлика на тоа дали сме на власт или во опозиција, затоа што патот е вистинскиот“.