Најмалку пет лица загинаа, а 50 се повредени денеска во Либија кога се запали и експлодираше цистерна со гориво, соопштија локалните власти.
Инцидентот се случил во централна Либија, во градот Бент Баја, соопшти либиското Министерство за здравство.
Тоа министерство официјално не потврди колкумина се настрадани, но министерката за надворешни работи Најла Мангуш на Твитер напиша дека најмалку пет лица загинале.
Тамошните медиуми јавуваат дека цистерната се превртела пред да се запали и да експлодира, а луѓето кои биле во близина се собрале, и покрај предупредувањата, за да го соберат бензинот што истекувал.
Не е познато што го предизвикало превртувањето и експлозијата на цистерната, а истрагата е во тек.