Интегрален текст од прес конференција на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Стево Пендаровски веќе сериозно го има совладано синдромот на ретерирање кој што го наследи од Зоран Заев.
Стево Пендаровски јавно се откажа од македонските национални интереси и интересите на граѓаните, и ја одбра антимакедонската политика и по кој знае кој пат покажа и докажа дека не е на страната на граѓаните, туку е на страната на тесно партиските политички, антидржавни интереси на СДСМ, Димитар Ковачевски и Зоран Заев, како основоположник на сите овие неуспеси на Република Македонија.
Наместо заштитник на државните и националните интереси како што сакаат граѓаните да изгледа и да биде, и да работи нивниот претседател на државата, претседател на Република Македонија како што треба да изгледа, Стево Пендаровски стана соучесник на Ковачевски и негов послушник.
По само неколку денови Стево Пендаровски ретерираше од сопствените ставови. Ретерирајќи од референдум, за кој што и самиот Пендаровски се изјасни дека треба да има референдум со чесна формулација, кој треба го поддржат сите политички партии, Стево Пендаровски покажа дека или нема политички капацитет да има сопствен став на кој што ќе опстои цело време или пак Ковачевски и Зоран Заев сериозно го имаат притиснато и му имаат покажано дека тој е само нивни пиун кој го манипулираат и управуваат како сакаат од Владата.
Стево Пендаровски, како што можевте и самите да видите и да слушнете, во само неколку дена успеа да го излаже целиот народ, најпрвин за да ги придобие симпатиите на граѓаните и на јавноста, се изјасни дека треба да има референдум во насока како што ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски предложија, за потоа политички кажано, Владата да му свитка рака и да му каже дека не треба референдум и сето тоа било манипулација. Со што Стево Пендаровски ги пренесе повторно ставовите на Владата, ретерирајќи од она што го кажа само неколку денови претходно.
Граѓаните можат да ја видат антимакедонската страна на Пендаровски на дело.
Драстично менување на ставови и биполарно политичко однесување во само неколку денови, може да се карактеризира како политичка незрелост за заземање став за крупни и важни политички прашања.
Оттука мораме да потенцираме дека референдумот по ова прашање не е желба на Пендаровски дали да се случи или не, туку морална обврска на еден сериозен претседател на држава кој треба да оди по линија со граѓаните. Случајот со Пендаровски, очигледно е дека му е свиткана раката од страна на Владата и морал потоа да се изјасни и да каже онака како што му кажале од Владата и да го смени ставот.
Почитувани граѓани,
Почитувани медиуми, вклучително и Пендаровски,
Се уште има шанса да се поправи. Секако, ако тој самиот е самостоен политичар и институција, а не човек со кој управува Владата и Ковачевски. Сепак интересот на граѓаните и на државата е поважен од се, вклучително и од ретерирањето на Пендаровски. Кога еднаш го сменил ставот, може уште еднаш само и само во интерес на граѓаните и на Република Македонија.