Премиерлигашките клубови сакаат да сопрат со клечењето пред секој меч оваа сезона откога капитените на 20-те клуба се согласиле дека гестот веќе не ја носи тежината како во минатото, јавуваат англиските медиуми. На состанокот на капитените минатиот четврток било согласено да се клечи само пред одредени мечеви оваа сезона, тврди „Дејли мејл“. Премиер лигата ќе се согласи со одлуката што ќе ја донесат капитените.
Гестот беше воведен за да се поддржи движењето Black Lives Matter и се обрне внимание на расизмот во фудбалот и е дел од програмата на Премиер лигата од јуни 2020. Минатото лето клубовите одлучија да продолжат со гестот во сезоната 2021/2022 како „симбол на единствено против сите форми на расизам“.