Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, утре – 2 август 2022 година, вторник, ќе предводи државнo-црковна делегација во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински”, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година.
Во состав на државно-црковната делегација на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински” се министерката за одбрана, Славјанка Петровска, пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска, Кумановско-осоговскиот митрополит г. Григориј и Епископот Стобиски г. Јаков, како претставници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како и претставници од Сојузот на борците на НОБ.
Од српска страна, на чествувањето ќе присуствуваат министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ и Епископот врањски г. Пахомије, како претставник на Српската Православна Црква.
Одбележувањето на државниот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката во манастирот „Св. Прохор Пчински” ќе започне во 12:30 часот.