Германскиот бундеслигаш Штутгарт одреди цена од 5 милиони евра за евентуална продажба на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов. Англискиот тим Барнли е заинтересиран за него, а раководството на Штутгарт ќе го продаде само доколку биде платена оваа сума.
Чурлинов после едногодишниот заем во Шалке 04 се врати во Штутгарт со кој има договор до 2024 година и имаше одлична предсезона со постигнати неколку гола. Македонецот со гол го реши Динамо Дрезден на стартот на Купот на Германија. Веднаш после мечот се појави информацијата на весник од Штутгарт, дека Барнли е заинтересиран.
Шалке 04 исто така сакаше да го откупи Дарко Чурлинов, за нив сумата изнесуваше 3 милиони евра, но германскиот клуб истакна дека нема доволно финансиски средства за таков трансфер.