Езѓан Алиоски во претстојната сезона ќе го носи дресот на турскиот гигант Фенербахче. Вицешампионот го ангажира македонскиот лев бек на едногодишна позајмица од Ал-Ахли.
Фенер постигна договор со клубот од Саудиска Арабија и сега се чека Џани во најскоро време да пристигне во Истанбул. По комплетирањето на медицинските прегледи, Алиоски ќе биде претставен во новиот клуб.
Долго време Езѓан чекаше да ја реши судбината со цел да замине од Саудиска Арабија. Шампионот Трабзон требаше да биде негов нов клуб, но тој трансфер пропадна, па се обиде Бешикташ да ги добие услугите на македонскиот репрезентативец.
На крајот, заврши во ексклубот на Елиф Елмас, а според неговите настапи, Фенер ќе одлучи дали ќе го откупи неговиот договор.