Сочувство од Советот на амбасадори по повод смртта на Илинка Митрева

Со неверување и тага, ние, нејзините колеги и соработници од Министерството за надворешни работи, ја примивме веста за прераното заминување на Илинка Митрева од нашата средина.

Илинка, во изминативе три години со внимание ги следеше активностите на Советот на амбасадори и беше наш сериозен подржувач.

Илинка Митрева вложи големи напори и вгради забележлив придонес во афирмирањето на меѓународните позиции на Република Македонија во тешките времиња по осамостојувањето на Македонската држава!

Совет на Амбасадори упатува искрени сочувство до членовите на нејзиното семејство и до нејзините блиски пријатели како и до членовите на академската средина каде таа помина децении на макотрпна и успешна работа..

Извршен одбор на Советот на амбасадори

Треба да знаете
Последни објави