Македонската машка јуниорска кошаркарска репрезентација го претрпе и третиот пораз на Европското првенство во А дивизијата во Измир, откако попладнево загуби од Велика Британија со 69-71 (17-16, 16-20, 16-14 и 20-21).
По стартните порази од Израел и Франција, избраниците на селекторот Тони Симиќ, загубија и во третото коло во резултатски неизвесен натпревар.
Во македонскиот табор, Теодор Симиќ (19-12) и Тома Стојаноски (14-11) остварија дабл-дабл ефект, а двоцифрен беше уште и Андреј Шошкиќ со 14 поени.
Следи ден одмор за сите учесници на Европското првенство, по кое противник на македонските кошаркари во осминафиналето ќе биде најтешкиот ривал од групата Б, репрезентацијата на Шпанија.