ПСЖ по 11-ти пат во клупската историја го освои Суперкупот, но ова беше премиеирен трофеј за Кристоф Галтие како тренер на „светците“ и тоа го направи во голем стил.
Францускиот првак немаше милост кон Нант вчера во Тел Авив на „Блумфилд“ и славеше со 4:0.
Резултатот го отвори Меси во 22. минута откако мајсторски го помина и голманот и даде гол за 1-0. Во судиското продолжение од првото полувреме Нејмар постигна прекрасен гол од слободен удар за 2-0.
Во 57. минута Серхио Рамос даде гол со пета и го зголеми водството на ПСЖ на 3-0.
На осум минути пред крајот Нејмар постигна гол од пенал и ги постави конечните 4-0.