На делницата од автопатот од Велес кон Скопје во непосредна близина на Катланово, неколку стотина метри по излегувањето од тунелот се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале три автомобили со странски регистарски таблички. Покрај автомобилите на сообрќајната лента запрени се и два каминон.
Едно од возилата е извртено на покривот. Причинета е голема материјална штета, а непознато е со какви последици поминале патниците од автомобилите кои се вклучени во незгодата.
Во моментов на овој потег од автопатот е успорено движењето, пристигнаа екипи на МВР и го обезбедуваат одвивањето на сообраќајот покрај возилата кои се оштетени. Се очекува увидната екипа и коли на брзата помош.
Повеќе информации од МВР ќе следуваат по извршениот увид на местото на настанот.