Угаснат пожарот кај Дубровник, загина пожарникар

Пожарот што вчера ја зафати околијата над населбата Орашац кај Дубровник го гаснеа четири авиони канадери и 80 пожарникари, кои прво синоќа успеаја да го спречат неговото ширење и денеска да ја стават под контрола огнената стихија.

Во акцијата загина еден пожарникар, соопшти утринава Хрватското противпожарно друштво (ХВЗ). Пожарот зафати 87 хектари густа борова шума во областа Орашац – Громача кај Затон (Дубровачки).

Како што јави Хрватската радио-телевизија (ХРТ), ова е најголемиот пожар во областа Дубровник оваа сезона.

Треба да знаете
Последни објави