Пеп Гвардиола сакаше да го ангажира Кукурелја, но Брајтон ги одби сите понуди од „Итихад“ како недоволни, последната од 40 милиони фунти, инсистирајќи на целата од десетина милиони повеќе, но „граѓаните“ не сакаа да им ги исполнат желбите.
Сега Челси агресивно влегол во оваа трка откако Сити испадна од неа и нуди 50 милиони фунти според последните најави, па преговорите се во напредна фаза и многу брзо може да се случи дефинитивен договор за трансфер.
За Кукурелја, Челси веќе има подготвен петгодишен договор.