Во првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите екипата на Динамо Загреб славеше минимално на гостувањето кај Лудогорец со 1:2.
Целиот меч за хрватскиот првак на стадионот во Разград го одиграа двајцата македонски репрезентативци Стефан Ристовски и капитенот на екипата, Аријан Адеми.
Сите голови беа постигна во првото полувреме, во шестата минута Динамо поведе преку Периќ, а само 180 секунди подоцна беше зголемена предноста по автоголот на домашниот чувар на мрежата Падт.
Во 22 минута домаќините успеаја да намалат преку интернационалецот од Гана, Текпетеј.
Реваншот е закажан за 9 август на стадионот „Максимир“ во Загреб. Доколку „модрите“ слават во овој двомеч во плеј-офот на ЛШ ќе играат против подобриот од пресметката Бодо/Глимт (Норвешка) – Жалгирис (Литванија).
Лига на шампиони 2022/2023
3. квалификациско коло, први натпревари
Шериф Тираспол – Плзен 1:2
Лудогорец – Динамо Загреб 1:2
Монако – ПСВ 1:1