Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко денеска изјави дека Србија нема да може да седи на две столици и дека треба да се определи за својата надворешна политика.
„Тука сме ние, Русија, Европската Унија, Америка и другите. Но, нема да им се дозволи да седнат на сите овие столици“, рече Лукашенко, коментирајќи ги последните настани околу Косово.
Според него, прво, Европската Унија нема да го дозволи тоа, кон која Србија „толку многу се стреми”, пренесува Бета.
Зборувајќи за односите меѓу Москва и Минск, Лукашенко изјави дека таму има проблеми, иако белоруските власти прават разлика меѓу народот и владата.
„Треба да го разделиме раководството и обичните луѓе. Заземете го моето место, за да можете сето тоа да го разберете. Се разбира, на српскиот народ му треба помош и ќе мора да му се помогне. Ние сме такви луѓе. Но, водиме сметка за тоа каква е политиката на Србија кон Белорусија“, истакна Лукашенко.