Роберт Левандовски го исполни ветувањето откако му заврши турнејата во САД со Барселона, па вчера се врати во Минхен да се поздрави со поранешните соиграчи и управата.
Збогувањето со Баерн помина во најдобар ред, но кога ги напушташе просториите на германскиот првак, навивачите му приредија непријатно простување.
Извикуваа „Хала Мадрид, хала Мадрид“ до новата ѕвезда на Барселона, со цел да го испровоцираат, а тој само ги отпоздрави со крената рака.
Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ изјави претходно дека Роберт Левандовски ја „затворил вратата со задникот“ по заминувањето од Минхен во Барселона.
Најголемата трансфер сага заврши успешно во изминатиот период. Неколкунеделните тешки преговори завршија со трансфер на Левандовски во Каталонија вреден 45+5 милиони евра.
#Lewandowski leaving Munich. Bayern fans: "Hala Madrid!" #FCBayern @SPORT1 @Carsten_Arndt pic.twitter.com/kHCoiZoHIy
— Kerry Hau (@kerry_hau) August 2, 2022