Брисел не е газда на Унгарија и не ги диктира европските прашања, порача унгарскиот премиер Виктор Орбан на Фејсбук
Тој напиша дека ЕУ „не е во Брисел, туку во Виена, Будимпешта и Варшава, Берлин и Мадрид“.
„ Брисел не е наш шеф. Ние сме независна, суверена унгарска нација. Заедно носиме одлуки. Ако не се добри за нас, ќе им кажеме и ако можеме да ги спречиме, нема да се донесе заедничка одлука“ нагласи Орбан.
Тој беше во насловите на меѓународните вести во последните неколку недели, поради неговите искрени коментари во кои ја критикуваше политиката на Западот. Премиерот на Унгарија ја критикуваше поддршката на НАТО за Киев за време на средбата со австрискиот премиер Карл Нехамер.
„ Оценката на Унгарија е дека концептот во кој НАТО ја поддржува Украина со испраќање оружје и обука на офицери, а Украинците се борат против Русите, гради нешто што досега не е докажано дека резултира со украинска победа“ рече Орбан.
Тој не сакаше меѓу европските лидери да се приклучи на бриселската кампања за остри санкции кон Русија, особено целосно ембарго на рускиот природен гас. Во своите изјави со кои го критикува НАТО, Орбан се осврна на фактот дека санкциите против Москва предизвикуваат сериозни економски проблеми за ЕУ.
Орбан истакна дека е неопходно да се најде мирно решение во Украина, бидејќи недостатокот на тоа ќе предизвика економска рецесија во ЕУ, по што ќе следи политичка нестабилност.