Украина отвори 1.451 кривична истрага за злосторства против деца. Заменикот-главен обвинител на Украина, Ихор Мустец, рече дека има најмалку 668 отворени случаи поврзани со насилство врз деца.
Овие случаи вклучуваат повреди, убиства и сексуално насилство. Обвинителите, исто така, работат на 777 случаи кои вклучуваат напади врз објекти во кои се вклучени деца, додека други случаи вклучуваат принудно преместување на млади Украинци.
Во меѓувреме, Службата за безбедност на Украина извести дека се истражуваат 752 случаи на предавство и соработка со непријателот. Најголем број случаи до 1 август се отворени во областите Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје.
Канцеларијата на главниот обвинител на Украина, исто така, објави соопштение за истрагите поврзани со сомневање за предавство, во кое се наведува: Во тек е истрага е против повеќе од 600 вработени во Обвинителството кои ја преминале границата по 24 февруари 2022 година. Активностите поврзани со откривање предавници за време на војна е прашање на безбедноста на нашата земја”.