Чешкото трио „Инсендио” ќе настапи вечер на 62. издание на фестивалот „Охридско лето”.
Триото составено од пијанистката Каролина Франтишова, виолинистот Филип Зајков и виолончелистот Вилем Петрас е основано во 2016 година во Прага.
Националната установа „Охридско лето” соопшти дека се наградувани на повеќе национални и меѓународни натпревари за класична музика, меѓу кои „Џани Бергамо” во Лугано, „Куп” во Кремона, „Марчело Понтило” во Фиренца, „Бацевич” во Лоѓ, „Масимилијано Антонели” во Латина…
„Инсендио” е дел од Европската академија за камерна музика, каде млади ансамбли добиваат можност да работат и да учат со исклучителни уметници и професори. Триото учествувало на бројни мајсторски курсеви меѓу кои и со Рајнер Шмит (квартет „Хаген”) и на два јавни мајсторски курсеви со Алфред Брендел посветени на клавирските трија на Шуберт во салата „Рудолфинум” во Прага, кои веќе се издадени на ДВД од издавачката куќа „Супрафон”.
Настапувале во некои од најзначајните концертни сали како на Берлинската филхармонија, „Вигмор Хол” во Лондон, „Рудолфинум” во Прага, на фестивалите „Тичино музика”, „Прашка пролет” и во Давос.