Хеликоптер на пакистанската армија кој помага во операциите за помош при оплавите во провинцијата Балучистан изгубил контакт со контролата на воздушниот сообраќај, а меѓу шестмината исчезнати е и еден од главните воени команданти, потврди пакистанската армија.
Во соопштението се вели дека во екипажот бил и командантот на 12-тиот корпус, кој ги надгледувал операциите за помош на погодените од поплавите во Балучистан. Околностите за исчезнувањето на леталото не се прецизирани.
Командантот, генерал-полковник Сарфраз Али, е највисокиот воен функционер во регионот и еден од највисоките офицери во пакистанската армија.
– Локалната полиција, војската и службите за итни случаи го бараат хеликоптерот, изјави претставник на локалната полиција.
Премиерот Шехбаз Шариф, кој вчера ја посети провинцијата заради увид во операциите за пружање помош, го опиша инцидентот како „алармантен”.
Во монсунските поплави од средината на јуни во Балучистан загинаа најмалку 478 луѓе.