Кинеското Министерство за надворешни работи остро ја осуди посетата на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси на Тајван, и покрај предупредувањата од кинеската страна.
Министерството наведува дека упатило протест до американската страна.
Кинеското МНР вели дека посетата испраќа „погрешни сигнали до сепаратистичките сили” кои бараат „независност на Тајван”. Посетата на Ненси Пелоси сериозно го нарушува принципот „една Кина”, се посочува во соопштението.
Борбени авиони на воздухопловните сили на Кинеската Народноослободителна армија полетаа вечерва по локално врем во правец кон Тајван, јави кинеската централна телевизија.