Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски, денеска заедно со делегација од Општината присуствуваше на одбележувањето на големиот македонски државен празник 2 Август – Илинден во Меморијалниот центар АСНОМ – Пелинце каде пред споменикот на АСНОМ положи свежо цвеќе.
Во Пелинце, исто така покрај делегација на граѓанското здружение “За Наше Куманово” и делегација на Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав Куманово ЗАПВАРС, присуствуваше и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери.