Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди иако беше пред преселба во соседна Грција, ќе остане да се докажува во шпанскиот Леванте. Тоа е последниот рапорт на медиумите во Шпанија кои највија преселба на Барди во Олимпијакос откако грчкиот првак за нов тренер го доби шпанскиот стручњак Карлос Корберан. Според „Ел Мундо Депортиво“ преговорите со Леванте пропаднале и македонскиот репрезентативец ќе продолжи да игра за шпанскиот клуб.
Претхоидно грчката „Газета“ објави изјава на спортскиот директор на Леванте, Фелипе Мињамбрес дека Леванте и Олимпијакос се многу блиску до договор за трансфер на Барди, а доцна синоќа „Ел Мундо Депортиво“ објави дека преговорите се неуспешни.
Барди има договор со Леванте до 2024 година и можно е да игра за клубот кој во новата сезона ќе биде второлигаш.
Шпанецот Карлос Корберан од вчера е нов тренер на грчкиот гигант и го замени сменетиот Педро Мартинс и се очекуваше прв потег на раководството на Олимпијакос да биде ангажман на македонскиот репрезентативец.