Положување цвеќе на споменикот на Мечкин Камен

Со државна почест и чествување големиот национален празник Илинден се одбележува во Крушево, со положување цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на Крушевската Република, Никола Карев во споменикот „Македониум” на Гумење и на споменикот на паднатите борци на Слива, кои се симбол на жртвата на востаниците за одбрана на Крушевската Република.

Владината делегација ја предводи премиерот Димитар Ковачевски, а во нејзин состав се првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски како и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска. Цвеќе ќе положат и делегации од Кабинетот на Претседателот, на Собранието, политички парии, …..

Треба да знаете
Последни објави