Канадската фудбалска ѕвезда на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис ќе ги донира сите пари од Светското првенство во добротворни цели, потврди на социјалните мрежи.
„Канада ми посака добредојде мене и на моето се семејство и ни даде шанса за подобар живот. Ми дозволи да го живеам мојот сон и затоа сакам да вратам на Канада. Вистинска чест е да се носи националниот дрес, и затоа решив цела заработувачка од СП да ја донирам во добротворни цели“, вели Дејвис.
21-годишниот бек на Баерн е роден во бегалски камп во Гана, каде што неговите родители избегаа од граѓанската војна во Либерија, и се преселија во Едмонтон, Канада, кога тој имаше само 5 години.