Второлигашот Барнли нуди премалку пари за ангажман на Дарко Чурлинов и е далеку од желбите на Штутгарт, екипа која побара отштета од пет милиони евра.
Германските медиуми објавија дека Барнли, кој испадна од Премиерлигата лани и веќе почна циклус натпревари во Чемпионшип е далеку со понудата зад побарувањето на сегашниот клуб на Чурлинов, Штутгарт.
Тоа е и добитна комбианција за Дарко, кој играше одлично во подготвителниот период за Штутгарт, откако се врати од позајмица од Шалке 04.
Даваше голови, а беше стрелец и на победничкиот гол против Динамо во Дрезден, со кој Штутгарт победи со 1:0 во првото коло од германскиот куп.