НБА лигашот Чикаго објави денеска дека словенечкиот кошаркарски репрезентативец Горан Драгиќ е нивен член.
Драгиќ го најави трансферот кон средината на мај, а сега е објавено дека Словенецот ќе потпише едногодишен договор со Чикаго во вредност од 2.9 милиони долари.
Словенечкиот 36-годишен репрезентативец се сели во Чикаго од редовите на Бруклин, а претходно во НБА лигата настапуваше за Феникс, Хјустон, Мајами и Торонто.
Чикаго на својот Твитер објави дека Драгиќ ќе го носи дресот со бројот седум, во кој своевремено настапуваше Хрватот Тони Кукоч.